Актуелно // Insta вести
Пере од Нокаут стана татко по четврти пат: Повторно девојче кое доби уникатно име
- 12 Јуни, 2023
Четврта среќа за фронтменот на музичката група „Нокаут“, Никола Перевски - Пере. Му се роди повторно ќерка, која доби униканто име - Ирис.
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша гордиот татко на Инстаграм и сподели фотографија од новородената ќерка.
Инаку тој со сопругата Јована, ја има и Софија која има две и пол години, а од првиот брак пејачот има уште две ќерки, Михаела (25) музичарка и пејачка и Каја (16).