Пет начини да го вклучите лебот во вашиот здрав начин на исхрана

Добивај вести на Viber

Лебот е состојка која ни овозможува долготрајна енергија во текот на целиот ден. А бидејќи здравиот начин на исхрана станува се поприоритетен, ви предлагаме 5 начини како да го вклучите лебот во вашиот здрав начин на исхрана. Притоа, идеално е да ги користите новите интегрални супер лебови на Жито Лукс - со супер семки - чија и тиква, со супер житарки - со и’зртена спелта и овес или со супер зрна - хељда и амарант, кои се вистински избор за избалансирана и здрава исхрана. Правени по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, новите лебови дополнително се збогатени со супер  семки, зрна, житарки  и маслиново масло за уникатно богат вкус, па затоа во вистинска смисла на зборот претставуваат супер лебови за супер навики.

Прво што Ви предлагаме е потпечен леб со шери домати. За овој вкусен оброк се потребни неколку парчиња од Интегралниот лебот на Жито Лукс со супер зрна-хељда и амарант, кој самиот по себе претставува извор на витамини и минерали, антиоксиданси, протеини, диететски влакна и многу други корисни состојки, како и шери домати, маслиново масло, лук во прав, босилек, сол и мајчина душица.


Начин на подготовка: Потпечете ги парчињата леб и шери доматите на грил тава. Ставете половинки шери домати врз парче леб, наросете со лук, босилек, сол и мајчина душица. Премачкајте ги со маслиново масло и уживајте.

Нашиот втор предлог е печен леб со хумус и зеленчук. Потребни се неколку парчиња Интегрален леб со супер житарки - спелта и овес на Жито Лукс, потоа хумус, сува пиперка, свежи шампињони, лук, чили снегулки, наут и семе од коноп. Овој леб изобилува со минерали, растителни влакна, незаситени масни киселини, протеини и други здрави состојки, а со негово користење се добива здрав оброк кој истовремено има и одличен вкус

Начин на подготовка: Испржете ги шампињоните заедно со лукчето во тава, додадете ги сувите пиперки, наутот, чили снегулките и семето од коноп и пропржете ги. Парчињата леб испечете ги на тостер, намачкајте хумус и додадете ја претходно подготвената смеса. На крај, наросете со свеж магдонос и уживајте.

Вкусен оброк е и сендвичот со туна и црвена пиперка. За овој рецепт потребни се две парчиња Интегрален леб со супер семки-чија и тиква на Жито Лукс кој е богат со омега 3 киселини, антиоксиданси, диететски влакна и многу други хранливи состојки, потоа 50 гр. туна од конзерва, кромид, црвена блага пиперка, копар, сол, црн пипер, марула и авокадо.


Начин на подготовка: Исцедете ги парчињата туна и исечкајте го кромидот и пиперката. Испасирајте го авокадото и промешајте го со туната, па додадете ги кромидот и пиперката, солта и црниот пипер. Намачкајте го парчето леб со смесата, ставете лист од марула и поклопете го со другото парче леб.

Рецепт кој може да ви стане омилен е и отворениот тост со ракчиња и авокадо. За овој рецепт потребни се две парчиња леб со супер семки-чија и тиква на Жито Лукс, авокадо, домати, јајце, свежи или замрзнати ракчиња, лимон, и слатко-лут сос.

Начин на подготовка: потпечете ги двете парчиња леб на тостер, едното прекријте го со неколку парчиња авокадо, а другото намачкајте го со пасирано авокадо. Врз парчињата авокадо ставете 2 парчиња домат исечен на тркалца и додадете 2 половини меко варено јајце. Наросете со семе по желба. На другото парче леб ставете ја смесата од претходно подготвените ракчиња зготвени со сок од лимон и слатко-лут сос. Додадете зачин по желба и уживајте во миксот на вкусови.

Лебот можете да го вклучите во вашиот оброк  и со подготовка на сендвич со сирење и зеленчук. Потребни се две парчиња леб со супер зрна - од хељда и амарант на Жито Лукс, марула, намаз од сирење, домати, свежа репка, ситно сечкани печени пилешки гради и свежа краставица.


Начин на подготовка: на едно парче леб нанесете го намазот од сирење, додадете ја марулата, сечканите парчиња пилешки гради, доматот сечен на кругови и краставицата. Додадете уште еден ред пилешки гради, а врз тоа марула. Поклопете со уште едно парче леб премачкано со намаз од сирење и вашиот сендвич е готов.