Пет најдобри комбинации од Џулија Робертс од 90-тите кои можеме да ги копираме и денес (ФОТО)

Добивај вести на Viber

„Никој како неа“ е вистинска клише реченица што и одговара на актерката Џулија Робертс. Таа е една од ретките кои не го сменија личниот опис, но го прифатија стареењето со препознатлива насмевка, додека нејзиниот стил остана беспрекорен уште од самото појавување на кино екраните.

Бидејќи деведесеттите се повторно актуелни како модна декада, ние ги издвојуваме 5-те најдобри стајлинзи на црвенокосата актерка што ја одбележаа оваа деценија.

1. Фармерки со трегери

View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberrts)


Трендот што се враќа на голема врата повеќе не е резервиран за сликарите и бремените жени, но може да се комбинира во секојдневната облека. Добар пар фармерки трегери и бела маица се што ви треба за да го постигнете крајниот летен лежерен стил.

2.  Suit it up


Машките одела веќе некое време доминираат во модната сцена. Трегерите се особено актуелни, а доколку ви недостига инспирација, тука е изгледот на Џулија од церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“, кој во тоа време беше „groundbreaking“.

3. Беретка + кожен мантил


Ништо не сугерира на француски стил како добар капут и беретка Шанел, додека белата маица, минималистичките обетки и темните ретро очила дополнително го истакнуваат францускиот стил.

4. Efortless chic


Бела ролка, црна јакна и добри фармерки - ако мислевте дека нема безвременска модна комбинација, се излажавте.

5. Слобода

Премиерата на „Nothing Hill“ во 1999 година го одбележа еден од клучните моменти кога Робертс се појави со недипилирани пазуви во црвен фустан со светки. Оваа феминистичка појава беше нашироко осудена во тоа време, но денес ја класифицира Џулија како пионер на феминизмот, која се бореше за слободата на женското тело.

View this post on Instagram

A post shared by @softnostalgias