Пет најголеми лаги за брак без односи
Дали браковите во кои нема секс се осудени на пропаст и дали партнерите без интимност можат да бидат среќни?
„Луѓето не стапуваат во брак само поради сексот, а иако е многу важен за повеќето парови на почеток, сексот всушност не го одржува бракот. Мислам дека силата на партнерството не е добро позната во нашето општество. Тоа е она што го прави бракот, а не сексот“, рекла познатата британска актерка Хелен Мирен.
Многу психолози и психотерапевти се сложуваат дека многу парови се во брак без секс. Може ли бракот без интимна врска да преживее? Ова е прашање со кое многу луѓе се борат, а експертите имаат јасен одговор. Може!
Тие се осудени на пропаст
Долгогодишниот брак полн страсти и редовен секс е само мит. Секако постојат парови кои успеваат да одржуваат еднакви интензитети со години, но се ретки. Обврските и децата често воведуваат сосема поинаква динамика во интимноста на сопружниците. Немаме многу време за себе па се менуваат приоритетите и потребите. За успешен брак најважно е меѓусебното разбирање и почит. Бракот може да преживее без секс, но без разбирање и почит не може.
Ако нема секс во бракот, тоа значи дека привлечноста исчезнала
Експерите велат дека недостатокот на привлечност ретко е причина за недостаток на секс во бракот. Други фактори како стрес, одговорност за работа и здравствени проблеми, се јавуваат често. Партнерот сепак може да биде привлечен за вас, но тоа не значи дека ќе ви се зголеми либидото.
Кога престане сексот, бракот пропаѓа
Ова е уште една лага. Односите и браковите имаат многу фази. Често се случува сексот да престане од оправдани причини како што е доаѓање на детето, поради болест или било кој облик на сериозен стрес. Ако парот се обидува да ја надмине таа фаза со разбирање, таа криза може да се надмине и повторно да се воспостави интимен однос кога дојде време за тоа.
Не постои решение за овој проблем
Слабо либидо не е ретка појава. Кога се најдете во таква ситуација, може да се лутите едни на други или едноставно можете да се обидете отворено да зборувате за тоа зошто повеќе нема секс во бракот. Парот мора да си постави едноставно прашање: зошто немаме секс? постојат многу причини кои можат да бидат одговор на ова прашање и додека не го пронајдете вистинскиот „виновник“ не можете да ја решите суштината на проблемот.
Во однос без секс и љубов и наклонетост се изгубени
Ова е еден од најголемите мотиви за брак без секс. Може да имате брак полн љубов и нежност и без интимни односи. Можеби веќе не сте спонтани и стравствени како на почеток на врската и нема да ја изгубите главата поради секој допир, но тоа не значи дека немате желба за нежни допири. Блискоста се развива на различни начини, не само низ сексуален однос.