Пет знаци дека сте му како мајка на вашиот партнер

Постојат знаци кои укажуваат дека го третирате вашиот партнер како мајка, а вие не сте свесни за тоа. За да не ја правите таа грешка, прво мора да ги препознаете ваквите знаци.

Најздрав однос со партнерот е кога двајцата сте еднакви. Добро е да се грижите еден за друг, но важно е да се разликува грижата за партнеро и грижата за дете. Многумина не се свесни за оваа разлика.

Ова е петте индикатори што укажуваат дека на вашиот партнер се однесувате како да те му мајка.

Секогаш му приговарате

Ако имате приговор на сè што прави, тогаш се однесувате како него како неговата мајка. Никој не сака постојани жалби и секогаш е подобро да се решат проблемите со конструктивен разговор.

Вие сте секогаш во право

Ако сметате дека секогаш и за се сте во право, тогаш партнерите ги гледате како еднакви, а тоа треба да биде најважното нешто во врска. Тоа сигурно го забележува и вашиот партнер во врската и не се чувствува многу добро.

Му служите

Ако вие му перете и пеглате облека, ги соберате на трошки по него, ги миете сите садови во кои се готви, се грижите за неговите обвсрки, тогаш алал да му е, вие му станавте мајка, без да знаете! Во здрав однос, домашните работи треба подеднакво да се распределуваат меѓу партнерите.

Секогаш го браните

Ако во јавност постојано застанувате на страната на вашиот партнер и го браните, тогаш глумите негова мајка. Наместо да го оправдате и да го заштитите како мајка, подобро да го научите да преземе одговорност за своето однесување.

Вие целосно го контролирате

Со такво однесување го потсетувате на неговата мајка. Ако се обидувате да го контролирате секој аспект од вашата врска, вклучувајќи го и неговиот живот, укажувате дека немате доверба во партнерот. Тоа може многу лошо да влијае на вашата заедничка иднина.