Петар Грашо ја зема Хана од породилиште: Сè се случило во тајност - Мајката и бебето се чувствуваат одлично
Сопругата на хрватскиот пејач Петар Грашо во петокот тајно го напуштила породилиштето со бебето.
Петар Грашо во неделата слета во Хрватска од Швајцарија, поради што не се знае дали успеал да ги пречека сопругата и синот од породилиштето.
Инаку, кога Хана за прв пат ја роди ќерката Алба, мајката Вјекослава Хуљиќ дошла во породилното одделение да ја земе неа и бебето.
Да потсетиме дека Петар и Хана на својот син му го дадоа името Тони по покојниот дедо на Грашо.
-Во семејството Грашо денеска се роди син. Го добил името Тони, по дедото на Петар, Тончи. Родителите се многу среќни како и сестрата Алба. Мајката и бебето се добро, а семејството Грашо дискретно ќе го слави доаѓањето на новороденчето во кругот на семејството - изјавија за Индекс преку ПР тимот на пејачот.
Петар и Хана во април годинава открија дека чекаат второ дете. Петар подоцна изјави дека по нивната ќерка ќе пристигне син.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs