Петте најдобро облечени жени во октомври
Тие се успешни во својата работа, но се истакнуваат и со чувството за мода. Актерки, принцези и ѕвезди од шоу-бизнисот, погледнете ја листата на модни изданија на познатите кои го одбележаа октомври.
Брижит Макрон
Харизматичната Брижит со својот сопруг, претседателот на Франција, ја пречека делегацијата на Јужна Кореја на свечена вечера, и со оглед на поводот изгледаше софистицирано и гламурозно. Таа облече креацијана Луи Витон.
Дакота Џонсон
На свечената премиера на филм во Лондон, актерката Дакота Џонсон со својата величенствена појава беше во центарот на вниманието. Таа е долгогодишна муза и верна на брендот Гучи. Таа облече металик фустан, благо сечен во половината, збогатен со проѕирен тул во долниот дел.
Шарлиз Терон
Црно, кожено здолниште, клучни зборови за оваа модна есен, но убавата дама од јужно-африканско потекло се одлучи за плисирано здолниште од А крој. Модната комбинација е побогата и за безвременско, карирано палто.
Кејт Мидлтон
По оправданата пауза од јавните обврски, Кејт се појави на отварање на галерија во Лондон, каде што се потруди да стане најфотографирана личност на манифестацијата. Благодарејќи на креацијата на брендот „Ердем“, сите очи беа вперени во нејзиниот кариран фустан надополнет со колан и со штикли во иста боја.
Џенифер Лопез
Доследна на својот стил и сензибилитет, Џеј Ло на доделувањето на Американските музички награди во Лос Анџелес доминираше во секој поглед. Заводлива и секси, таа избра креација со силна, розова боја.
Фото: Профимедиа