Петте омилени модели на чевли на Меган Маркл: За тренди сезона инспирирајте се од неа

Добивај вести на Viber

Веројатно секоја жена би сакала да ѕирне во плакарот на Меган Маркл.
Сепак, таа носи само неколку различни модели и точно знае што добро ѝ одговара и што може да комбинира на најдобар начин.

Меган обожава чевли со високи потпетици и секако има добра причина за тоа. Тие ја издолжуваат фигурата во секоја комбинација и секоја жена се чувствува поженствено и посекси кога е во штикли. 

1.Салонки со поизразен шпиц, се секогаш во тренд, а можете да ги комбинирате со фармерки и елегантни комбинации.

2.Шпицасти салонки со поблаг шпиц и интересен дизајн.

3.Рамните чевли се одличен избор кога сакате да ви биде истовремено удобно и да изгледате елегантно. Никој никогаш нема да погреши со класичен црн модел, како Меган.

4.Овој тип на чевли Меган ги носеше почесто пред да стане дел од кралското семејство - слатки отворени сандали со високи потпетици...

5.Чизми не се само за возима, за шик пролетни комбинации потребни ви се еден пар класични чизми со подебела потпетица за да можете да шетате насекаде во нив. Без оглед на висината на штиклата, тие секогаш изгледаат добро со сè што носите. Можете да ги комбинирате со долго здолниште и под пошироки панталони, но и со тесни фармерки.

извор:GLOSSY
фото:profimedia/instagram