Пијани бебиња: 15 фотки кои докажуваат дека нема ништо послатко од млеко
Без разлика дали е тоа од шише, гради, или комбинација од двете, да се има ново бебе значи
да поминете многу време во нивно хранење, држење и заспивање. Доенчињата имаат само неколку основни функции:
плачат, јадат, спијат и изгледаат симпатично.
Бебе кое е целосно опуштено и заспива веднаш по нахранувањето е најубавата глетка за родителите.
За младите родтители, новата улога на родител не е лесна, но да имате бебе е нешто бесценето, неизмерна среќа, а денес е полесно да се овековечи секој момент со малото ангелче благодарение на модерната технологија, на паметните телефони, кои ги имаме секогаш покрај нас.
Неколку мајки токму такви фотографии од своите бебиња по пиење на млеко, споделија на социјалните мрежи. Уживајте во нив, сигурни сме дека ќе ви измамат насмевка.
Заспан и задоволен
Очите на ова бебе кажуваат сè, тоа е целосно задоволно. Ние сме прилично сигурни дека секоја мајка после две чаши вино го има истиот изглед на лицето. Но, ова мало момче после полн оброк е милион пати посладко.
Спие на шанкот
Ова малечко заспа на градите на неговата мајка. Се надеваме дека и мама ја искористи можноста за импровизирана дремка.
Премногу уморно да се измие
Оваа слика е она што се случува кога млекото е толку задоволувачко, бебето заспива дури пред мама да го избрише лицето. Во ред е. Млеко мустаќи одговараат на ова мало убаво срце .
Среќно „пијан“
Знаете како некои луѓе се супер среќни кога пијат? Истото се случува и кај бебињата пијани од млеко, само нивните насмевки се околу илјада пати посимпатични.
Тука е најдобро
Еве фотографија на која се гледа што се случува кога млекото ќе го погоди бебето толку силно, што не може дури и да го преместат до креветчето. Пресладок.
Дремка до средниот оброк
Понекогаш, малите сонца одмараат, односно дремнуваат пред да се дојадат. За една мајка, тоа се најдобри (и најслатки) моменти.
Сигурно било некое силно млеко
Несакани ефекти на премногу млеко може да вклучуваат: неможност да ги задржат очите отворени, губење на контролата на главата и поспаност.. бесценети моменти.
Момче и неговото омилено шише
Овој мал човек се прејаде и се препушти на спиење. Но, сепак, не го испушта шишето од рака.
Совршено заспан
Се надеваме дека оваа мајка не мора да станува за да оди во тоалет, затоа што тоа е сериозна редукција на доење. Тоа мало бебе нема да ја пушти оваа мајка некое време да се помести.
Ова е живот
Ова бебе уживаше во оброкот на плажа. Стомачето полно, и без грижа за светот. Ова е вистинскиот портрет на #milkdrunk живот.
Никогаш премногу
Ова бебенце може да спие, но тоа нема да го спречи да се насмее после одличниот оброк кој штотуку го имаше. Тоа е изразот што повеќето го имаме откако ќе се најадеме слатко. Разликата е во тоа што оваа бебче изгледа преслатко!
Потонат во сон
Нема ништо подобро од чувството на пијано бебе од млеко, кое тоне во телото на својата мајка со целосна тежина на неговата љубов. Ова мало момче воопшто не се воздржа.
Не можеше да се справи со млекото
Дури и малите деца имаат денови кога не можат да се справат со нивното млеко. А изгледа дека ова мало момче испило повеќе од неколку шишиња! Неговата мајка успеала да го овековечи овој момент, кој низ годините ќе и измамува секогаш насмевка.
Заспана убавица
Куче лае, ѕвони телефон, правосмукалка - ништо не може да го разбуди ова прекрасно мало бебе од нејзината длабока и мирна дремка после доење. Посакуваме да можеме и ние да дремнеме вака.
Мајките се најдобрите перници
Ова бебе е заспано слатко, слатко врз мама и не планира да оди никаде. Изгледа совршено.
Извор: thestir.cafemom.com