Пиволенд 2022 – многу пиво, насмеани лица, вкусна храна и желба за нов Пиволенд 2023

Добивај вести на Viber

– Скопје насмеано и среќно, какво што во последните години го немавме видено. Изминативе пет дена градот циркулираше во ритамот на добрата музика, многу пиво, вкусната храна и желбата за нов Пиволенд 2023. Скопјани испратија силна порака дека го сакаат Пиволенд и дека овој фестивал му недостасуваше на главниот град.

Голем број на посетители уживаа во музичката програма на двете сцени поставени на Плоштад Македонија, која започна во саботата (02.09.2022) со музички настан на Dj Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада и талентирана пејачка Лара Иванова на Craft сцената, а заврши вчера (07.09.2022) со спектакуларен настап на македонската рок група Архангел.

Пиволенд 2022 ја оствари целта за промоција и поддршка на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на македонски музички артисти пред публиката и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

АРЕА, ДНК, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Фолтин, Бени и НОН СТОП, ФИЦ „Студени нозе“, Принц, Баклава и многу други македонски музички артисти беа дел од 5-дневната пивска приказна во градот.

Скопје пет дена комуницираше љубов. Музиката спојува. Таа ти испраќа позитивни вибрации кои те терааат да заиграш и запееш, секогаш знае да те насмее и да наздравиш со пиво.

Музиката е љубов, а љубовта е Пиволенд.

Организаторите на овогодинешниот Пиволенд испратија порака до скопјани и македонската јавност – се гледаме на Пиволенд 2023. На здравје!

Дел од атмосферата на годинешниот Пиволенд може да погледнете на следните линкови:

Линк 1: https://www.facebook.com/PivolendSK/videos/557999312750940

Линк 2: https://www.facebook.com/PivolendSK/videos/491802882328309