Плачење од смеа со неверојатни стендап изведби на 12 балкански комичари

Луда стендап журка во домашни услови, ерупција од смеење со солзи и на глас, бегство од секојдневието и подбивање на туѓа сметка. Крајот на летото резервиран за минути добра комедија.

Кој наслатко се смее, на стендап се смее!

Стендап фестивалот „Скопје гори од смеа“ – неверојатен склоп на стендап изведби од најдобрите  артисти од целиот Балкан. Неколучасовен универзален хумор на македонски, англиски и српски јазик.

Хумор во кој секој може да се препознае, во себе да го признае она што го знае, а премолчува, вистината за влијанието на политичарите, значењето на естрадните фолк “ѕвезди“, следењето на нивната мода, тренд и музика, короната и нејзините последици, секојдневните излегувања во кафеани и однесување на улица... Балканот во неколку комични часа.

Хрватот Пеѓа Бајовиќ  пионер и ветеран на балканската стендап-сцена, еден од најдобрите македонски стендап-комичари Никола Тодороски , најдобриот грчки стендап-комичари Димитрис Џими Цапас (Диего Себастијан), најангажираниот стендап-комичар во Македонија Бојан Велевски, првата и најубавата српска стендап-комичарка Маријана Аранѓеловиќ, Филип Угреновиќ  српски комичар и водител, познат е како радиолице од најпопуларното балканско Накси радио, Ненад Шиља Стефановски, по потекло горд Македонец кој 20 години е заглавен во Белград, генијаниот Никола Силиќ и квартетот Охриѓани немат снемано: Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски, Јован Цветкоски и Зоран Донев, без влакна на јазикот, сурово искрени и брутални ќе ја изнудат насмевката на секој гледач. 


Доколку сте љубител на стендап комедиите, од денес сите изведби на ,,Скопје гори од смеа“ се достапни на Gley.

Годинава фестивалот е поддржан од првата македонска стриминг платформа, чија примарна цел е поттикнување на квалитетна домашна продукција.

Гледајте kаде сакате, колку сакате и што сакате и секако смејте се со извонредните комичари, само на Gley!

Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, како и на компјутер.

* ПР - објава