„Плачев цело време“: Се огласи кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, откри што најмногу го трогнало
Британскиот крал Чарлс за време на состанокот со премиерот Риши Сунак во средата рече дека бил трогнат до солзи од пораките за поддршка по неговата дијагноза за рак. Палатата објави претходно овој месец дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, помалку од 18 месеци од неговото владеење.
„Добив толку многу прекрасни пораки и честитки... Поголемиот дел од времето бев во солзи поради тоа“, рече Чарлс за време на неделната средба со Сунак. „Сите се со вас“, одговори Сунак, кој почна со зборовите и рече дека му е драго што го гледа и дека изгледа добро.
Монархот одржува неделна приватна средба со премиерот, иако на камерите повремено им е дозволено да го снимаат почетокот на состанокот. Состанокот во средата е првата официјална лична средба што Чарлс ја одржа со Сунак откако му беше дијагностициран неодреден облик на рак. Бакингемската палата соопшти дека кралот ќе продолжи да ги извршува државните должности додека се лекува од рак.
Да потсетиме, Велика Британија, но и светот, беше шокирана од веста дека кралот Чарлс боледува од рак. Бакингемската палата не откри за каков вид на рак се работи (не се работи за рак на простата), но кралот почнал редовно да се лекува.
Кралот ќе ги одложи јавните ангажмани поради болеста, а другите членови на кралското семејство ќе продолжат со своите обврски. Според The Sun, поголемиот дел од должностите на Чарлс ќе ги преземат неговиот син и престолонаследник, принцот Вилијам (41) и сопругата на кралот, кралицата Камила (76).
Фото: Принтскрин/ЈутјубИзвор: Кurir.rs