Ми го пресече срцето со нож на два дела: Јелена Розга ја раскажа прикзната за новата песна
Целиот регион се вљуби во новата песна на хрватската пејачка Јелена Розга, “Moje proljeće“. Песната чиј автор е Емина Јаховиќ, е особено популарна кај жените, најмногу поради делот во видео спотот каде што Розга пушта солза.
„Денес видов една жена на автобуската постојка како го гледа спотот и плаче. За вакво нешто треба да имаш и душа и емоција“, се дел од коментарите на дамите на социјалните мрежи.
„ Не знам што да кажам. Ова е преемотивно за мене. Ја донесов песната од срце, солзата која од мене падна беше како нож да ме прободе. Тој нож ми го подели срцето на два дела. Едниот дел е оној од кој извира болка и од чиста емоција, а другиот е оној кој се крши од љубов. Песната така делува на луѓето од сите возрасти, и на мене. Не ни сонував дека ќе биде вака“, изјавила Розга за песната која е меѓу првите три места по слушаност на јутјуб во повеќето земји од поранешна Југославија.
„Не глумев, навистина не глумев. Дури и режисерот помисли дека глумам. Со него соработувам долги години, но тој не знае што се случува во мојот приватен живот. Додека го снимав спотот, додека ја снимав песната во студио, јас мислев на една единствена личност, но не можам да ти кажам кој е тоа. Ти знаеш сѐ“, раскажа пејачката од Сплит на водителката Јована Јоксимовиќ во Утринската програма на ТВ „Прва“ во Белград.
На доделувањето на наградите МAC во Белград кое се одржа пред неколку дена, Розга се сретна со поранешниот свршеник Стјепан Хаусер, музичарот од дуото „Ту челос“. Розга и Хаусер по две ипол години ја прекинаа врската во 2017 година. Дел од коментарите на социјалните мрежи се дека Јелена пее за љубовта со Хаусер.