ПЛАНИНАТА МЕ ЧЕЛИЧИ: ИРЕНА СПИРОВСКА ОСВОЈУВА ВРВОВИ

Добивај вести на Viber

Секој слободен викенд, ТВ водителката Ирена Спировска го користи за планинарење. Највисоиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина. 

„ Планините ги сакам уште од дете, можеби затоа што сум бивш извидник. Планината секогаш ме релаксира и ме инспирира,а во исто време ме челичи и ме зајакнува. Ги сакам надворешните спортови како скијањето, планинарењето, параглајдерството. Највисокиот врв што го имам искачено е Триглав (2864 м.н.в.), но се надевам дека во иднина ќе имам прилика да искачам и некоја планина повисока од 3000 м.н.в. Македонија има прекрасни планински предели и сите се убави на свој начин. Уживав во искачувањето на Кобилица,Црно езеро,Љуботен,Кожуф“, изјави Ирена за Женски магазин. Таа е горда мајка на Зорица, која годинава матурираше.

„Ќерка ми е веќе полнолетна девојка. И двете ги сакаме патувањата,па најчесто кога имаме слободно време сакаме некаде да отпатуваме“, раскажа Ирена во претходно интервју.

„ Свесно или несвесно сите овие години љубовниот живот го ставив на маргините. Бев фокусирана на други нешта, на подигањето на ќерка ми, на работата, многубројните ангажмани. Сепак верувам дека секој од нас има своја идеална половина која ќе сретне порано или подоцна во животот“, коментира Ирена за својот љубовен живот. Освен што е посветена на ангжаните во ТВ „Алфа“, таа е и активист - волонтер во НВО Борка и член на Извршниот одбор.

 „ Мајка ми почина од рак на дојка кога имав 10 години. Знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за селото семејство. Сочувствувам со сите оние кои водат борба со ракот. Инциденцата на заболени од карцином на дојка се уште е многу голема,но за разлика од порано сега медицината е многу напредна и постојат многу посовремени и поефикасни начини на терапија,што им дава многу поголеми шанси на заболените да ја победат болеста и да продолжат да живеат. Сепак, најважна е раната дијагностика“, раскажа Ирена за своето искуство со оваа болест. 

М.Џаровска