Платформа „Galaxy за планетата“ Samsung Electronics ви ја претставува визијата за оджливост на мобилните уреди

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung ја претстави „Galaxy за планетата“, платформа за одржливост на нејзиното работење со мобилни комуникации, базирана на иновации и отворена соработка за борба против климатските промени. Samsung ги дефинираше првичните цели кои планира да ги исполни до 2025 година за да го намали отпечатокот на животната средина и исцрпувањето на ресурсите од производството до отстранување на своите Galaxy производи.

„Сметаме дека секој има своја улога во обезбедувањето на иновативни решенија кои ја штитат планетата за идните генерации. Samsung се согласува дека нашите напори треба да одговараат на нашето влијание и големината на целиот Galaxy екосистем глобално“, рече TM Roh, претседател на мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Galaxy за планетата е важен чекор на нашиот пат кон создавање поодржлив свет и ние ќе го постигнеме со отвореност, транспарентност и соработка што истовремено е основа на нашето работење“.

Еколошкото влијание до 2025 година

Samsung верува дека интегрирањето на одржлива пракса во секоја фаза на производство е од суштинско значење за да се минимизираат влијанијата врз животната средина и да се изгради подобра иднина за заедниците низ целиот свет и следната генерација иноватори. Samsung ќе работи за да ги постигне своите првични цели до 2025 година и ќе ги прошири своите обврски во борба против новите предизвици и по тој период.

·Употреба на рециклиран материјал за сите нови мобилни уреди до 2025 година

За да постигне циркуларна економија, Samsung инвестира во нови иновативни еколошки материјали за своите производи. Со цел да се користат рециклирани материјали во сите мобилни уреди до 2025 година, Samsung ќе користи рециклирани материјали во своите производи, земајќи ја предвид нивната сила, естетика и издржливост.

·Отстранување на пластиката од пакување на мобилни производи до 2025 година

Samsung работи на целосно отстранување на пластика за еднократна употреба од пакување на производи до 2025 година - со намалување, елиминирање и замена на непотребните ресурси и материјали што традиционално се користат за пакување на уредите, како и воведување еколошки решенија

·Намалување на потрошувачката на енергија во мирување на сите полначи за паметни телефони под 0,005W до 2025 година

Приоритет на Samsung е да користи технологија за заштеда на енергија, истовремено зголемување на енергетската ефикасност и намалување на потрошувачката на електрична енергија. Samsung успешно ја намали потрошувачката на енергија во режимот на мирување за сите полначи за паметните телефони на 0,02W, што го прави еден од енергетски најефикасните во мобилната индустрија. Продолжувајќи со овој напредок, Samsung ќе работи на постигнување нулта потрошувачка на енергија во режим на подготвеност на полначите за паметни телефони, со цел да се постигне намалување под 0,005W до 2025 година.

·Реализација на нулта отпад во депонии до 2025 година

Samsung го минимизира отпадот што се создава во капацитетите за производство на мобилни телефони, со обврска да генерира нулта отпад во депониите до 2025 година. Samsung, исто така, ќе работи на намалување на електронскиот отпад на глобално ниво преку оптимизација на животниот циклус на производот, развој на процесот на производство и иницијативи како што се Galaxy Upcycling, CertifiedRe-Newed и Trade-In програми.

Продолжување на транспарентното известување

Samsung ќе продолжи да открива нови начини за борба против климатската криза и ќе ја прошири својата улога во забрзувањето на напредокот кон постигнување на целите за одржлив развој. Компанијата е посветена на транспарентно известување за напредокот и работа со други компании и партнери во секторот на нејзиниот пат кон одржливост.

„Samsung е посветен на создавање решенија што овозможуваат подобра иднина за нашите луѓе и нашата планета. Меѓутоа, знаеме дека не можеме да го направиме тоа сами, и заедничката борба за планетата не е натпревар “, рече Стефани Чои, виш потпретседател и маркетинг директор за мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Се стремиме да работиме заедно во сѐ што правиме, а нашите стратешки партнерства во различните сектори, индустрии и пазари нѝ овозможуваат да направиме позитивно влијание низ целиот свет - сето тоа нѝ помага да постигнеме поодржлива иднина“.

Производите на Samsung се дизајнирани да имаат минимално влијание врз животната средина во текот на нивниот живот, вклучувајќи енергетски ефикасни полупроводнички чипови, одржливо пакување, технологија за заштеда на енергија и способност да ги претворат старите уреди во производи со повисока вредност. За напредокот на Samsung во одржливоста, прочитајте во Извештајотза одржливост од 2021 година.

 ПР - објава