„Плукната“ Јелена Карлеуша: Душко Тошиќ веќе не крие со кого излегува – Фотографиран е на настапот на најдобрата пријателка на сè уште законитата сопруга (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Душко Тошиќ покрај русокосата уживаше во настапот на Милица Павловиќ

Фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ моментално е во Белград, а летната вечер ја искористи да се забавува на настапот на Милица Павловиќ.

Душко Тошиќ на настапот на Милица Павловиќ уживаше во големо друштво, а покрај него цело време седеше непозната русокоса од едната и непозната црнка од неговата друга страна.

Со оглед на тоа дека неговиот развод со Јелена Карлеуша е во тек, многумина беа изненадени што тој се појави на настапот на нејзината пријателка, а во женско друштво.

Многумина забележаа дека девојката која играше покрај Душко многу личи на Јелена и се запрашаа дали можеби таа е новата избраничка на Тошиќ.


И Милица Павловиќ се изненадила кога слушнала дека Душко е на нејзиниот настап.

-Дали е тој таму? Одлично, мило ми е. Прашање е дали ќе го видам од блицовите. Поголемиот дел од времето можам да видам, дефинитивно ќе го поздравам. Верувајте, имаме многу поинтересни теми отколку да разговараме каде е, што прави и со која жена. Не, не … – рече Милица.

Фото: Инстаграм/screenshot