По 10 години влезе во истиот костим: Евгенија Марковска ја врати фигурата од пред две бремености (ФОТО)

Евгенија Марковска, сопругата на професорот Вело Марковски изгледа како да не старее туку напротив , како да се подмладува.

И по две родени дечиња таа има навистина завидна фигура и тело за сечија пофалба. И годините играат значајна улога, но секако и начинот на живот. 

Доказ за тоа дека изгледа скоро исто како и пред 10 години говори фотографијата која на Инстаграм ја сподели самата Евгенија . Истиот комплет кој го носела на ревија, повторно ѝ стои одлично.


Во однос на тоа како ја одржува витката фигура, Марковска при една прилика за Женски магазин истакна дека пред се внимава на здравиот начин на исхрана и редовно вежба.



-За мене е многу важен здравиот начин на живот пред се за себе, но и да бидам пример на моите деца. Наместо да се фокусирам на бројките на вагата мојот фокус е да изгледам здраво и тонирано. Диети не применувам. Внесувам разновидна, но балансирана исхрана и секако редовна физичка активност. Вежбам фитнес пет пати неделно, а кога времето е убаво сакам да го поминам во прошетка во природа, кажа Евгенија за Женски магазин.



Евгенија неодамна зборуваше и за бракот со професорот Вело. Плод на нивната љубов, на која ѝ дале шанса и покрај стравовите дали ќе успеат се двете дечиња.



„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, кажа ексклузивно за Женски магазин, Евгенија Марковска. 

Три месеци по породувањето: Екс мисицата Евгенија Марковска гордо го покажува своето тело

Не бевме сигурни дека ќе успееме, но вредеше да се проба: Евгенија искрено за бракот со професорот Вело Марковски