ПО 3.250 ХОСПИТАЛИЗАЦИИ ОТТУКА ЗАМИНА И ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА: Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Костов со детали
Од најголемиот ковид-центар во Македонија, ГОБ „8 Септември“, во петокот замина последната пациентка која таму се лекуваше од компликации на корона вирусот. Беше успешно излекувана од тимот лекари кои изминатава година и три месеци се бореше за секој човечки живот. Директорот на оваа здравствена установа, д-р. Христијан Костов за Фактор раскажува за предизвиците со кои се соочија и не го крие задоволството, надевајќи се дека ова ќе биде крај на една лоша епизода со која се соочи целото човештво.
-Во еден период имавме и 180 хоспитализирани пациенти. Освен пациенти со тешки компликации од Ковид-19 ништо друго практично и да не лекувавме. Не се правеа операции, амбулантите за сите останати патологии не работеа, месеци и месеци во ГОБ „8 Септември“ не влегуваа не-ковид пациенти. Секој кат од болницата беше резервиран само за болните од корона вирусот, секојдневно се бараше болнички кревет повеќе. Молби доаѓаа од сите страни, и тука беа носени пациенти со најтешка клиничка слика, посочува д-р. Костов.
Директорот на ГОБ „8 Септември“, каде од март лани, 2020 година, кога со одлука на Владата болницата стана ковид центар, вели дека до петокот кога е испишана и последната пациентка, поради компликации од вирусот имале повеќе од 3.250 хоспитализации и над 24.000 прегледи на болни и суспектни на вирусот.
Деталите читајте ги на Фактор.