По долги години Лозано на средба со штипската публика

Добивај вести на Viber

По подолго време штипјани утревечер ќе уживаат на неколкучасовниот концерт на еден од најпознатите пејачи во земјава, Влатко Лозаноски – Лозано. На градскиот базен во Штип во еден глас ќе се пеат хитовите на Лозано како што се: „Километри“, „Жена како ти“, „Мандарина“, „Јако, јако“, „Сонце не ме грее“ и уште многу други. - Со нетрпение ја очекувам оваа средба со штипската публика, бидејќи пред нив не сум настапувал веќе неколку години. Им ветувам одлична забава и ноќ за паметење – вели Лозано. Инаку популарниот пејач ќе настапи во рамки на летниот фестивал „One Summer Beach – Hello Festival“.