ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

Добивај вести на Viber

Поскапувањето на храната и движењето на цените се меѓу главните теми кои го окупираат фокусот на граѓните, што секако најмногу се должи на поскапувањата кои се наметнаа со последователните кризи. Дополнително деновиве престана да важи мерката „гарантирана цена“, што секако влијаеше на цените на продуките во маркетите.

Вообичаено секој месец Државниот завод за статистика објавува какво е движењето на цените низ градовите во Македонија, каде може да се забележи дека и покрај важењето на мерката „гарантирана цена“ низ градовите имало различни цени на продуктите. Паѓа во очи податокот дека се случува исти производи да имаат разлика во цената од еден до друг град за дури сто денари по килограм. Но, ова не е појава која ја има само сега, туку напротив споредбите покажуваат дека постојано се случуваат големи разлики во цените на продуките во малопродажба. Последните податоци кои ги објави статистика се за месец јануари, период кога важеа „гарантираните цени“ што требаше да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено посиромашните, сепак, бројките покажуваат дека цените и понатаму имаат големи разлики.

Повеќе за информацијата на Фактор.