По Охрид, Лени Кравиц доаѓа и во Скопје

Добивај вести на Viber

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, Лени Кравиц ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат во живо. 

- За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина. Целата европска турнеја на Lenny Kravitz, која ќе се одржи во месеците мај и јуни ќе биде објавена денес во 12 часот по централно европско време - информираат од „Авалон“.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.