По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА: Од 8-ми до 18-ти октомври филмски од дома
Оваа година јубилејното петто издание на Меѓународниот фестивал
на дебитантски филм, КИНЕНОВА доаѓа во сите домови и во секое парче на
Македонија преку малите екрани и Телевизија 24 вести. Новите услови кои се наметнаа при справување со корона кризата,
доведе до тоа да сепромени иначинот на одржување и организирање
на филмскиот фестивал. Организаторите на КИНЕНОВА, оваа година одлучија реализацијатана фестивалот да биде во
една поинаква форма, работејќи на тоа
да се одржи континуитетот на пласирање и промоцијата на филмската уметности тоа
на најдостапен можен начин. Овој формат ќе ги спои авангардноста на
оригиналниот авторски уметнички израз и атрактивноста на телевизијата како
медиум, што во време на наметливите комерцијални содржини треба да донесе до
конечна цел, поголема достапност и популаризација на филмската уметност.
Од 8-ми до 18-ти октомври љубителите на филмот и филмската уметност, но и сите кои што ќе сакаат да уживаат во атрактивни, квалитетни, необични и невидени филмски прикаски претставени преку играни или документарни филмови ќе имаат можност да го направат тоа следејќи ја целата фестивалска програмаод дома. Официјалната програма на фестивалот оваа година нуди неколку исклучително атрактивни програми исполнети со најнови, свежи филмови, кои гледачите во Македонија за прв пат ќе имаат можност да ги проследат и истите ќе бидат објавени наскоро на прес конференција.Како и секоја година главниот фокус е на главната натпреварувачка програма каде што оваа година ќе се натпреваруваат 7 сосема нови деби филмови од цел свет за наградите: Најдобар филм на фестивалот, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар филм според публиката.
Посебен куриозитет и атракција оваа година е програмата КИНЕНОВА РЕТРО, која е всушност, посластица или подарок за сите следачи на КИНЕНОВА, а оваа година и сите ТВ гледачи во Македонија. Таа претставува ретроспектива на најдоброто од минатите четири години со цел да се одбележи малиот јубилеј, а во склоп на истата ќе бидат прикажани наградените филмови од сите четири изданија, но и некои други кои предизвикаа огромно внимание кај публиката или кои по прикажувањето на КИНЕНОВА станаа препознаени во голем број на земји и фестивали. Оваа програма започнува на 1ви октомври и ќе биде вовед во официјалниот дел на петтото издание на КИНЕНОВА.
Организаторите на КИНЕНОВА порачуваат дека уметноста секогаш ќе најде начин да се изрази пред патот досвојата публика, а доказ за тоа е петтото издание на КИНЕНОВА. Тие велат дека нивната мисија едасе промовираатвредностизаопштодобро, а преку филмот вредностите ќе бидат пренесени на уникатен начин близок до гледачите.
КИНЕНОВА тимот ѝ порачува на публиката: Следете нѐ и не пропуштајте! Верувајте, нема да зажалите за ниту една секунда помината со КИНЕНОВА!