По стапките на мама: Ќерките на Јелена Карлеуша модни икони од мали нозе
Тетката на популарната пејачка Јелена Карлеуша и
сестрата на покојната Дивна го прослави својот роденден со најблиските.
Јелена Карлеуша во повеќе наврати покажа колку е
блиска со нејзината тетка Даниела, која и беше голема поддршка, откако минатата
година ја загуби нејзината мајка Дивна.
Сличноста меѓу нив е очигледна. Затоа не е
изненадувачки што Јелена сподели многу фотографии од прославата на роденденот
на Даниела, на која очигледно уживаше целото семејство. По повод роденденот на
тетка Даниела семејство Карлеуша-Тошиќ соодветно ги одбрале своите аутфити.
Сепак, победата им припадна на нивните ќерки Атина
и Ника, достојни наследници на модната икона Јелена Карлеуша, кои изгледаа неодоливо
во слатки летни фустани. Постарата ќерка
Атина носеше жолт фустан, додека Ника изгледаше многу убаво во бел фустан со цветен
дезен.
Фото: Инстаграм
Карлеуша објави фотографија со нејзиниот татко: Еве на кого личи