По15 години се врати на пистата и буквално воодушеви: Ја нарекуваа грдото пајче, па порасна во извонредна убавица, не поднесува ботокс, а само ова на неа е вештачко
Најновото шоу
на модната куќа Викторија Сикрет, која шест години не ги организираше овие
традиционални годишни настани поради голем скандал, беше организирана синоќа (ноќеска, по наше време) во Њујорк.
Неколку манекенки кои своевремено се збогуваа со ревиите се вратија на пистата,
а на модната ревија имаше вкупно 50 модели. Меѓу оние кои се вратија е и
познатата Тајра Бенкс.
Тајра Бенкс (50) се повлече од манекенството во 2005 година - тогаш последен пат учествуваше на ревијата на Викторија Сикрет. Во меѓувреме, имаше нејзини екскурзии во светот на нејзината стара професија, но синоќешното враќање е вистински чекор назад - во нејзиниот случај, голем чекор напред!
По големиот скандал, Victoria's Secret сега испраќа порака дека ја поддржува различноста на женската убавина кога станува збор за телото, тежината и возраста. Во исто време, брендот ја прослави историјата од минатото (позитивниот дел од таа историја) со најистакнатите модели: Тајра, Адријана Лима и Алесандро Амбросио.
Тајра заслепуваше на пистата и за нејзиното враќање рече: „Лудо е чувството да се вратиш на пистата на Викторија Сикрет. Мислам луда, луда, но луда на добар начин. Да бидам искрена, никогаш не мислев дека ќе се вратам на оваа писта“.
„Излегов од таа писта и бев во пензија долго време, и тоа беше таков спектакл. Се чувствував како спортист кој вели: „Ги закачив моите клинци на колче...Ја повлекувам кошаркарската топка. Апотоа, јас се вратив.
Никогаш не помислив дека ќе се вратам на пистата, но толку сум возбудена и подготвена за ова“, пренесува People.
Кариерата ја започнала кога имала само 15 години, била првата жена со афро-американско потекло која се појавила на насловните страници на списанијата „GQ“ и „Sports Illustrated“. Таа ја носеше титулата ангел на „Викторија Сикрет“ од 1997 до 2005 година. А на почетокот на овој век таа беше една од најплатените луѓе во манекенството.
Сè што доживеала Тајра Бенкс во светот на модата е преведено во книгата „Моделланд“ во 2011 година, која била една од најпродаваните, според „Њујорк тајмс“. Но и тоа не е се‘ – таа е една од само седумте жени кои неколку пати се појавија на годишната листа на највлијателни луѓе на планетата на магазинот „Тајм“. Ја знаете и како водител и продуцент на реалното шоу „America's Next Top Model“.
Кога станува збор за нејзиниот изглед, ѝ препишуваа бројни пластични операции, а вели дека го оперирала само носот. Таа откри и дека со години носи перики. Сега гордо носи вишок килограми, а не ни крие дека во детството ја нарекувале грдото пајче.
Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, минатата година беше објавено дека е во врска со технолошкиот магнат Шервин Пишевар. Пред девет години, со помош на сурогат мајка, таа го доби синот Јорк Банк Асл. Ја нарекуваат најубавата пензионерка на светот. А сега сигурно ќе добие нов прекар.
Фото и Видео: Инстаграм