Почина мајката на Бекутa, со емотивни зборови се прости од неа: „Отиде мојата добра душа, цел свет умре“
„Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица отиде во Царството Небесно“, започна таа
Мајката на Ана Бекута почина пред четириесет дена, а пејачката токму сега се огласи на Инстаграм и се прости од својата мајка Милица.
Бекута објави фотографија со својата покојна мајка и емотивно се прости.
- Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица отиде во Царството Небесно, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете. Кога умира мајка, умира цел свет, последната грижа зошто доцниш од пат и секое тивко претчувство дека нешто не е во ред затоа што мислела дека твојот глас на телефон е поинаков - напиша Ана.
Ана продолжи со емотивното збогување:
- Со секоја мајка умира една уметност на готвење, еден начин на трпеза, една историја, едно семејство и еден начин на љубов и една универзална, а сепак единствена грижа за дете кое одамна е нечија мајка. Почивај во вечноста на твојата љубов, драга моја мајко - напиша Бекута на Инстаграм.
Извор: www.telegraf.rs