Почина поранешниот гитарист на „Рет Хот Чили Пеперс“: Причината за смртта не е позната

Легендарниот поранешен гитарист на групата „Рет Хот Чили Пеперс“, Џек Шерман почина.

Причината за смртта на талентираниот гитарист засега е непозната. Поранешни колеги од групата преку социјалните мрежи се простија од него.

„Му благодариме за времето со нас, добро, лошо и помеѓу нив“, напишаа членовите на познатата група Red Hot Chili Peppers.




Шерман свираше на деби-албумот на групата во 1983 година како замена за нивниот тогашен водечки гитарист Хаил Словак.

Учествувал и во создавање на вториот студиски албум „Фрики стајлер“, но бил заменет со Словак пред да се објави албумот во 1985 година.

По напуштањето на „Red Hot Chili Peppers“, тој беше баран како гитарист, па свиреше со многу бендови во доцните осумдесетти и раните деведесетти.


Фото: Инстаграм