Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски: Пријателите во неверување, сега си на поубаво место

Добивај вести на Viber

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски

Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.

- Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски - напиша тој на нивната заедничка фотографија.


Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг. Беше персонален тренер на многу наши познати личности.

Еве што напиша пред само два месеци на својот профил на Инстаграм:

* Во мојот живот имав многу тешки моменти , но и моменти на радост и успеси.
* Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот.
* Оваа страница од мојот жовот ја читав долго.Но ја прочитав, поминав уште едно Божјо искушение. Дојде време да ја свртам и да го започнам новото подглавје во мојот живот.

View this post on Instagram

A post shared by Mirko Petrovski (@mirko_petrovski_ifbbelitepro)