Почина познатиот српски моден дизајнер Саша Видиќ: Имаше само 53 години и ја правеше „партали“ јавната сцена
На 53 фодишна возраст почина еден од
најпознатите модни креатори во Србија и пошироко, Саша Видиќ. Во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности
од јавната сцена - пејачи, актери, водители, спортисти, политичари...
Инаку, тој лично дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а изработи и дресови за српската фудбалска репрезентација за Светското во Русија.
Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со Цеца Ражнатовиќ, Секо Алексиќ, Дара Бубамар и бројни познати музички ѕвезди... Тој беше и голем критичар за стајлингот на естрадата, па многупати ги правеше „партал“ за лошиот избор на облека.
Роден бил во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.
Почина познатиот српски моден дизајнер Саша Видиќ на 53-годишна возраст: Причината за смртта не е позната.