Почина творецот на Балтазар

Добивај вести на Viber

Почина академик Златко Боурек(89), сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови и член на Хрватската академија на науки и уметности.

Боурек е роден во Пожега во 1929 година, а во 1955 година дипломирал вајарство на Академијата за применети унетности во Загреб.

На студиите заедно со колегите ја основал Загребската школа за цртан филм. Боурек беше сценограф на култната анимирана серија Професорот Балтазар, за која по примерот на Ријека, го креирал измислениот Балтазар град.