„Почина во нејзиниот дом, до неа беше синот Данило“: Познато времето и местото на погребот на Ксенија Вучиќ

Познатиот српски новинар и уредник на дневниот весник „Информер“ – Драган Вучиќевиќ ги кажа сите детали на телевизија Пинк.

Погребот на истакнатата новинарка Ксенија Вучиќ, првата сопруга на претседателот Александар Вучиќ со која има две деца, ќе биде извршен утре во 13 часот на Новите гробишта во Белград, соопштено е за време на утринската програма на ТВ Пинк.

Главниот уредник на дневниот весник „Информер“ - Драган Ј. Вучиќевиќ ја сподели информацијата на семејството Вучиќ, како претставник на медиумите.

-Утрово ми се јавија членовите на семејството, погребот ќе биде утре во 13 часот на Новите гробишта. Нашата колешка си замина во најдобрите години, сега кога на децата им беше најпотребна. Тоа е живот и голема драма во животите, пред сè, на нејзините деца. Сега се во најтешка ситуација - истакна уредникот.

Вучичевиќ додаде дека Ксенија ненадејно починала во нејзиниот дом, каде живее со своите наследници, а во тој момент со неа бил и нејзиниот син Данило.

Тој рече дека веднаш пристигнала екипа на Брза помош која се обидела со реанимација, но не успеала. Се уште не е позната точната причина за смртта.

- Ксенија работеше овде на Пинк, ја знаеме со децении. Голем човек, добар пријател, посветена мајка. Судбината е сурова. Ксенија ненадејно почина вчера попладне, почина во својот стан, со неа беше и синот Данило и тоа е навистина страшно. Штом слушнал за тоа, претседателот отишол во домот на Ксенија Вучиќ. Брзата помош стигна за 6-7 минути, се обидоа со реанимација еден час, но за жал немаше успех. Не се знае која е причината, дали е згрутчување на крвта или срцева слабост - заклучува Драган за Пинк

Извор: Глоси

Фото: Инстаграм