„Почнавме да се гушиме, брат ми изгуби свест“: Јована Јеремиќ едвај го преживеала овој момент, била на чекор од смртта

Добивај вести на Viber

Тааникогаш нема да го заборави овој момент од детството

Водителката Јована Јеремиќ еднаш призна дека на петгодишна возраст се соочила со смртта со својот брат.

Како што откри во една прилика, кога биле мали се заклучиле во витрина со пијалаци, поради што набрзо останале без воздух и почнале да се гушат.

- Да можат ќе ме фрлат во септичка јама, но ќе најдам начин да излезам од септичката јама. Кога бев мала, се заклучив во шкафче за алкохол со брат ми, таму нема воздух. Почнав да се гушам, имав пет години, вистина е. И брат ми Аца почна да се гуши, исто така пет години. Почна да губи свест, јас бев свесна дека ќе се задушиме, дека тоа е тоа – рече таа.

Како што истакна тогаш, набрзина ѝ дошла идеја и веднаш знаела што треба да направи.

- Тоа се огромни витрини, каде што го ставаш пијалакот, го запечатуваш и не можеш да излезеш. Мене кликалото(умот) ми работи, се сетив дека има мијалник што е поврзан и дека има цевка што е поврзана. Ја извадив таа цевка и брат ми и јас дишевме низ одводот половина час додека не не‘ најдоа. Тоа го преживеав, така да треба да преживеам се‘ останато. Тоа е инстинкт за преживување. Човекот секогаш треба да се бори и не смее да дозволи ништо да му го замати умот - изјави Јеремиќ во нејзината утринска програма.


Фото: Инстаграм