Подарок кој ја расплака Цеца: Откриено што добила фолк дивата за јубилејниот 50 роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сите го коментираат подарокот на Цеца, еве што таа доби за нејзиниот 50-ти роденден

Цеца Ражнатовиќ се откажа од прославувањето на јубилејниот 50-ти роденден откако дозна дека Анастасија и Немања го загубиле своето бебе.

Својата одлука пејачката ја објави во најновата епизода од документарно-играната емисија „Цеца шоу“.

- Нема да славам 50 години од позната причина. На нашето семејство, на Анастасија и Немања им се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Ниту некој друг би славел кога ќе им се случи такво нешто.


Животот не ме мазеше, имав навистина огромни удари, подеми и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти. Животот е направен од тие работи.

Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања. Да се ​​издигнеме сите заедно како семејство и да се ослободиме од болката што ќе остане во нас. Мора да се продолжи понатаму – изјави пејачката.

Роденденот на фолк дивата сепак ќе се слави во кругот на семејството, а на адресата на Ражнатовиќ веќе почнаа да пристигнуваат подароци. На пејачката еден од нив особено ѝ се допаднал, па сподели фотографија од истата со своите обожаватели.


Подарокот на Цеца бил прекрасна торта на која пишува „Жена, мајка, кралица“, која допрела псебно до нејзиното срце, а не останале рамнодушни ниту нејзините следбеници кои однапред ѝ го честитаа роденденот.


ФОТО: Инстаграм видео принтскрин