Подарок радосници во повеќе родилишта во државата
Традиционално, Халкбанк, преку својата платформа Халки и овој октомври реализира активност со која ја слави најчистата форма на љубов, љубовта на родителот кон своето дете. Секој момент со најмалите е скапоцен, а оваа година Банката се погрижи сите посебни мигови, датуми и искуства поврзани со најновиот член на семејството, да останат засекогаш запаметени преку Халки радосници.
Радосниците почнувајќи од овој месец, на македонски и албански јазик, ќе се делат во родилиштата - Клиника за гинекологија и акушерство, Гинеколошко акушерска болница - Чаир, Прва приватна општа болница - Ремедика во Скопје, како и во One Hospital, Првата приватна болница во Тетово.
На мајките кои што ќе го донесат на свет своето малечко во некоја од овие родилишта, радосниците со уникатна содржина и илустрации, наменски креирани за да ги овековечат сите први нешта од првата година на детето, ќе им ги разбудат најубавите емоции, кога и да погледнат во книгата вредна богатство. За децата за чие раѓање се наменети пак, ќе бидат можност секогаш кога ќе посакаат да се навратат на најраните денови од својот живот.
Секој октомври – месецот на штедењето, Халкбанк реализира и кампања за Детско штедење како најсигурен начин родителите да обезбедат за своите најсакани посигурна иднина и поквалитетен живот. Токму затоа и годинава преку детскиот штеден производ Халки се овозможува штедење со екстра поволни услови за детско штедење – минимален износ на вложување од 1.000 денари и атрактивна каматна стапка до 1.8%. За секој новоотворен штеден влог во рамките на детското штедење следуваат и дизајнирана детска штедна книшка како и подарок касичка за детето за кого е наменета книшката.Освен можноста за всадување навика за штедење кај најмладите уште од нивна најрана возраст, Детското штедење е паметна одлука која што треба да ја направи секој родител за своето дете како чекор кон обезбедување среќна и сигурна иднина.
ПР објава