Поддршка за културата и новиот европски филм – ИутеКредит еден од спонзорите на Beach Film Festival во Охрид

ИутеКредит Македонија редовно поддржува проекти кои придонесуваат за развој на општеството и проширување на културниот светоглед. Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival кој ќе се одржи од 21 до 25 август во Охрид е проект кој компанијата смета дека ги има токму овие вредности и токму затоа се јавува како еден од спонзорите на овој настан.

На фестивалот ќе се прикажат кратко- и долгометражни филмови, а посетителите ќе имаат можност да ги погледнат под отворено небо на плажата Горица 3 и бродот Армада, како и на неколку дополнителни локации. Програмата ќе биде дополнета со музички настапи.

Се гледаме таму!