Подготвени за кралско бебе – Планот за кралското породување го шокираше светот
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, онапред го испланирале породувањето, почнувајќи од безбедниот апратман за мајката и бебето, до прецизен распоред на породувањето – ништо не смее да биде неиспланирано за третиот член на кралското семејство.
Потврдено е дека Војвотката од Кембриџ ќе се породи во луксузен апартман кој е дел од болница во Лондон. Таму се породила и со принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Апратманот во болницата е многу поскап, а едно одмарање чини преку 10 илјади евра. Собата за Кејт и бебето е резервирана од средината на март.
- Собата често се чисти, а по чистењето се облежеува со трака. Тоа е операција на висока безбедност, а дури спратот над апартманот редовно се проверува, открил извор близок на болницата.
Се е испланирано однапред. Иако ова е трето породување на дамата, мора да се почитува одреден протокол.
Кога ќе започнат болките, Кејт и Вилијам директно ќе бидат пренесени во болница, која е на 1,2 километри одалечена од палатата.
Откако ќе ја добијат информацијата, вработените во болницата ќе имаат 5 минути време да се подготват.
Керол Мидлтон веднаш ќе ја преземе својата улога на баба и ќе ги чува принцот Џорџ и Шарлот