Подгответе се и вежбајте со Прирачниците за полагање државна матура на Просветно дело

Добивај вести на Viber

Подгответе се и вежбајте со Прирачниците за полагање државна матура и достигнете го максималниот успех на испитот!

ПРИРАЧНИК ЗА ДРЖАВНА МАТУРА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Овој прирачник им е наменет, пред се, на средношколците во завршната година на средното образование, но материјалот што го содржи има поширока примена. Тој може да му биде корисен на секој ученик, на секој наставник што предава македонски јазик, на дипломираните студенти што се подготвуваат за полагање лекторски испит, како и на лекторите по македонски јазик. Секако тој може да биде интересен за секој љубопитен читател.

ПРИРАЧНИК ЗА ДРЖАВНА МАТУРА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Идејата за овој прирачник дојде од самите ученици кои сакаа да дознаат повеќе за државната матура и како да се подготват за неа. Фактот дека матура се полага на крај од средното образование, овој прирачник нуди содржини поминати во средното училиште при изучување на англискиот јазик како странски јазик.

На наставниците овој прирачник ќе им послужи и за подготовка на часовите со задачи. Значи прирачников е подеднакво наменет и за учениците и за наставниците.

Содржи:

-  Тесстови,

-  Вежба за секоја задача,

-  Одговори со објаснувања,

-  Примери од писма и текстови со коментари

-  Модел за видови писма, статии и есеи

-  Листа со сврзувачки зборови и фрази

-  Поимник.

ПРИРАЧНИК : МАТЕМАТИКА ЗА МАТУРАНТИ

Оваа книга е напишана во согласност со испитната програма по предметот математика, изготвена од страна на Државната предметна матурска комисија за математика.

Согласно намената, оваа книга треба да им послужи на учениците да ги повторат содржините од целокупната средношколска математика. Според тоа, таа ги содржи во себе, во скратена верзија сите четири учебници и збирките задачи од прва до четврта година на средното образование и претставува мала енциклопедија на средношколската математика.

Со вака конципирана книга, авторите се надеваат дека ќе ја остварат целта: да им помогнат на учениците-матуранти лесно да се подготват и успешно да го положат матурскиот испит.