Подгответе се: Лош викенд за овие три хороскопски знаци
Овој
викенд ќе биде исклучително неповолен за овие три хороскопски знаци. Затоа ви препорачуваме да кренете рачна и да почекате да дојдат подобри денови
Риби
Лошото расположение кое ве притиска подолго време, викендов ќе кулминира. Конечно дојде периодот кога ќе морате од нешто да се откажете за да ви тргне на подобро. Добро размислете како ќе делувате, овие се можеби и едни од клучните денови во вашиот живот.
Лав
Непотребно се конфронтирате со луѓето кои ви значат. Иако сте повеќе порактични, отколку емотивни, оваа состојба драстично ви ја црпи енергијата и ќе мора сериозно да размислите за вашето поведение. Отпорот кој го искажувате ќе има големо влијание на вас.
Близнаци
Преокупирани сте со животот на другите луѓе во моментов, наместо да се посветите на сопствените приоритети. Од секое искуство се учи, но ќе ви треба уште малку време за конечно да сфатите дека не треба да се споредувате со другите, туку едноставно да бидете благодарни за тоа што го имате.