Подмладува за 5 години: Фрузура на која не можеа да ѝ одолеат ни познатите дами од Оскарите
Тие се апсолутен тренд оваа сезона и ретко кој може да им одолее...
Шишките се многу брз и ефективен начин за подмладување на лицето и освежување на целиот изглед, а особено кога ќе ја пронајдете совршената должина и стил за својот облик на лице. Тоа го знаат и познатите дами кои го користат овој мал трик за разубавување на својот изглед.
На црвениот килим на 93 - тото доделување на Оскарите, Хали Бери изненади со нова фризура - краток боб, кој го надополни со нееднакво исечени шишки.
И Марго Роби ја искористи оваа прилика за премиерно покажување на својата нова фризура - поточно шишките направени во степен.
Фризерот на австралиската актерка Брајс Скарлет ѝ направи меки и слоевити шишки кои го освежуваат изгледот на лицето, додека косата и ја врза во опуштено коњско опавче. Сето тоа резултираше со фризура која црпи инспирација од 60 - тите години на минатиот век и изгледа фантастично.
Шишките ги сакаат дамите од сите генерации, а особено се популарни помеѓу дамите над 50 години. Ги сакаат и актерските легенди како 89 - годишната Рита Морено и 15 години помладата Глен Клоуз.
фото: Shutterstock