„Подобро јас да готвам инаку сите ќе умреме“: Џорџ Клуни откри непознат детаљ за сопругата Амал, а еве што има на нивната Божиќна трпеза

Добивај вести на Viber

Фото: CBS Morning / youtube

Џорџ Клуни пред неколку години изјави дека неговиот живот започнал дури кога ја запознал Амал Клуни, со која се ожени во 2014-та година во Венеција. Познатиот пар можеше да се види претходните денови на премиерите на неговото режисерско остварување „The Boys In The Boat“, како во Велика Британија, така и во Америка, каде што филмот се прикажуваше во Лос Анџелес. Познатиот актер зрачеше од гордост на црвениот тепих со сопругата и откри непознати детали за неа.

„Мојата сопруга, која е брилијантен адвокат, таа е еден од најголемите адвокати во светот, таа ги презема случаите на ИСИС и сите тие работи, но подобро е јас да готвам или сите ќе умреме“, изјави Џорџ Клуни за „Екстра“ за кулинарски вештини на наеговата сопруга.


На прашањето дали тој и Амал Клуни се одлучиле за божиќно мени, тој рече дека на масата ќе има „мала божиќна гозба“ слична на онаа што ја имале за Денот на благодарноста минатиот месец.

Откри и дека неговите деца воопшто не се свесни за неговата слава: „Пред некој ден другар од училиште му кажал на нашиот син дека сум познат“ Син ми ме праша: „Тато, што значи да се биде славен?“ .


На истиот настан, Клуни даде интервју и за „People“, одговарајќи на прашањето како ќе поминат празниците во неговиот дом, со оглед на тоа што децата што ги има со Амал Клуни, близнаците Ела и Александар, имаат шест години, нагласи дека тоа добро е што тие засега се фокусирани само на Дедо Мраз и такви работи.

Џорџ Клуни од неодамна се претставува како сопруг на Амал Клуни.