Погледнете ги првите фотографии од најмладиот внук на Цеца: Вељко објави приватни слики од својот син

Добивај вести на Viber

Синот на познатата фолк пејачка Цеца, боксерот Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана го крстија најмладиот син Исаија.

Вељко Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија од својот најмлад син Исаија кој наскоро ќе наполни четири месеци. 

Заедно со емотивната фотографија, гордиот татко напиша „Малиот дедо оригинал“, алудирајќи на сличноста меѓу неговиот син и неговиот дедо. 

Исаија го крстиле тајно

Светиот чин на крштевањето на најмладиот член на семејството Ражнатовиќ, беше предводени од двајца викарни епископи - Стефан од Ремезија и новоизбраниот епископ британско-ирски, Нектарије од Јегар. 

Специјално од руската престолнина за крштевката дошол, владиката Стефан, кој е долгогодишен свештеник на семејството Ражнатовиќ, кој неодамна беше избран за старешина на Подворје и претставник на Српската православна црква во Москва.

Инаку, Исаија иако требаше да се вика Илијан, тој го добил името Исаија, по желба на неговиот татко. А, Исаија е познатиот игумен на манастирот Илиња од Шабачката епархија. Вељко на овој начин сакал да му покаже голема почит и благодарност на овој монах и свештеник, бидејќи пред десет години поминал неколку месеци со него во манастирот.

Престојувајќи тогаш во ова светилиште во пост и молитва, Вељко им помагаше на манастирските браќа во сите нивни работи и обврски. Особено се зближил со игуменот Исаија, кој несебично му помагал со своите совети и молитви, кои боксерот никогаш не ги заборавил.

Значењето на името Исаија

Исаија е машко име кое потекнува од древниот хебрејски збор „јашаја“ што значи „Бог е спасение“. Инаку, Исаија бил старозаветен пророк. Тој беше од царско потекло. Најважни му се пророштвата за раѓањето Божјо, за зачнувањето на Пресвета Богородица, за Јован Претеча и за многу настани од животот Христов.


Фото: Инстаграм - стори