Погодете која Македонка е на фотката: Многумина нејзината убавина ја споредија со Барбара Стрејсенд
Во Македонката Барбара Јаковлевска од Скопје се заљубивте за
време на натпреварувањето во шоуто „Никогаш не е доцна“ каде го покажа својот
раскошен музички талент, но и убавината.
Беше кажано дека личи на холивудската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд, па многумина ја нарекуваа Македонката Барбара Стрејсенд, а сега ветеранката на својот Инстаграм профил покажа фотографија од младоста која го докажува токму тоа.
- Беше одамна, многу одамна - напишала Барбара во описот на фотографијата на која позира со својата пријателка со кратка коса и бујно деколте, додека под фотографијата постојано се редеа комплименти за нејзиниот изглед.
Инкау, еднаш Барбара откри една анегдота во разговор за Гранд онлајн. Имено, на харизматичната пејачка еднаш ѝ пришол холивудска ѕвезда мислејќи дека разговара со Барбара Стрејсенд.
- Еднаш ми се случи пејачот Боби Фарел од групата Бони М да ми пријде при посетата на Македонија на една свадба на која случајно се најдов таму и да рече само Барбсара Стрејсад, а јас да му одговорам на македонски. Па, имаме слични усни. Би сакала да пеам како неа – изјави тогаш ветеранката, а објавата на нејзиниот Инстаграм профил дефинитивно докажува дека тие две навистина многу личат.
Фото: Инстгарам/Youtube - screenshoot