Погодете на кого личат: Филип Живојиновиќ објави фотографија со мајка му и брат му Марио, а сите забележаа само една работа
Филип Живојиновиќ е син на познатиот тенисер Боба Живојиновиќ, а неговиот живот е под лупа на јавноста од самото раѓање
Пред да ја запознае Лепа Брена, Боба Живојиновиќ беше во брак со Зорица Накиќ и со неа го доби синот Филип, кој денес е успешен млад човек.
Филип е во среќен брак со пејачката Александра Пријовиќ со која го има синот Александар, но и пред бракот со неа, неговиот живот беше интересен за медиумите. Познато е дека е во одлични односи со Лепа Брена, но редовно ја посетува и Зорица и е многу близок со братот и сестрата по мајка си.
Тој не е премногу активен на социјалните мрежи, но со својата последна објава воодушеви многумина и привлече позитивни коментари. Имено, Филип позираше со својата мајка и брат му Марио во Инсбрук, па многумина коментираа дека и двајцата личат на Зорица.
Инаку, Зорица по разводот со Боба се омажи за хрватскиот кошаркар Иво Накиќ и со него има две деца, ќерката Ива и синот Марио. Малку е познато дека Марио Накиќ е успешен кошаркар, а во еден момент играше и за Реал Мадрид.
Извор: glossy.espreso.co.rs