Лепа Брена го слави 62. роденден во голем стил: На вино со Боба и дестинација за која многумина сонуваат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Лепа Брена деновиве е на американска турнеја, и токму таму го прослави и својот 62. роденден.

Убавата Брена е регионална ѕвезда која има своја публика ширум светот и од сите возрасти, а овој пат е во Америка каде има низа успешни концерти. Придружувана е од сопругот Боба Живојиновиќ, а овој пар таму го прослави и 62-от роденден на пејачката.

Брена и Боба насмеани позираа во ресторан на Флорида со вино.

 Една од колешките кои ѝ го честитаа роденденот беше Сања Ѓорѓевиќ, со хит фотографија:

- Посакувам овие долги нозе да го обиколат светот уште безброј пати. Шетајте гордо како порано – напиша Сања на Инстаграм.

Инаку, Лепа Брена многу често истакнуваше дека не си ги сака сопствените родендени, повеќе сака туѓи, особено детски.

-Ако некој е реален и свесен за одминувањето на времето, како мене, ќе ужива во се. Имам причина да уживам, бидејќи сум свесна за се што сум постигнала и имам прекрасно семејство. Сè уште размислувам реално и рационално за животот и уживам во постигнувањата и целите што си ги поставив. Среќна сум кога моите деца ги реализираат своите цели и кога сè оди по својот нормален тек. Среќна сум кога Боба и јас имаме свои планови. Работам, а потоа има и причина да се радувам на годишниот одмор. Инаку, јас не сум љубител на сопствените родендени, повеќе сакам туѓи и детски родендени. Единственото место каде што сакам да бидам во центарот на вниманието се моите концерти, се друго ми е премногу. Затоа сакам моите прослави да бидат што е можно помирни, без помпа и лудило. Не ми треба повеќе. Затоа овој роденден го славам со Боба со убав ручек и фантастично вино. Добро ми одговараат годините, среќна сум – изјави пејачката за Story.

извор:GLOSSY