Поголема плата за два знака до крајот на месецов

Овен

Ве очекува многу интензивен месец  кога е во прашање работата. Можно е дека ќе ви бидат воведени некои нови правила на работа. Од вас се очекува голема дисциплина и максимална посветност, но тоа ќе ви се исплати, можно е и покачување на платата. Важно е да покажете цврстина и одлучност. На љубовен план, преовладува вашата желба за слобода и ви претстои заладување на односите со партнерот. Внимавајте на проблемите со 'рбетот.

Бик

Серизоните планови и амбиции кои ги имате на работа можат да ви се остварат. Можно е заминување на службен пат во странство до крајот на август, но и повишица. Сепак, ве следи некоја нервоза и несигурност која брзо ќе ви помине. Некоја личност од вашата блиска околина ќе ви ја врати желбата за забава и расположението. Ако сте во врска, со партнерот ве очекува стабилен период. Ве очекува добро здравје.