Покрај милиони обожавателки, Здравко Чолиќ ја сакал само неа: Ова е актерката за кој е отпеан еден од најголемите хитови на некогаш најпосакуваниот маж на балканот (Фото)

Добивај вести на Viber

Здравко Чолиќ е една од најголемите балкански ѕвезди и гордо ја носи оваа тутула со децении. Хитмејкерот во текот на целата своја блескава кариера речиси никогаш не бил дел од озборувањата и скандалите иако неговиот приватен живот отсекогаш бил интригантен.

Иако некогаш важеше за еден од најпосакуваните мажи на балканот, Чола повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Александра со која има две ќерки. По него лудуваа многу познати дами, а само малку од нив ја имаа можноста да се најдат во неговите прегратки. Една од среќничките беше актерката Јасна Орнела Бери. Чолиќ ретко зборуваше во медиумите за својата прва голема љубов, додека таа тоа го направи само еднаш.

Кога се вљубиле, двајцата биле многу млади. Биле во Сараево а деталите од нивната врска ги открила Јасна во една прилика, и никогаш по тоа не зборувала за нив.


- Дел од моето срце секогаш ќе биде резервирано за него. Првиот пат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Покрај се што има, тој е пред се добар човек.Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“, која самиот ја напиша. Тоа  беше посебна врска, истакна Јасна и додаде дека тој е премногу харизматичен и таа искра во очите од нивната прва средба, не престанува да зрачи ниту денес.

А еве ко изгледа актерката, за која е напишан еден од најголемите хитови на Чолиќ:

„Доаѓа ноќта, денот се гаси

А навечер се сѐ слуша

И секоја песна е отровна

Ноќта ми те должи тебе

Јас сум ноќен човек

Вечерва и до век, поради тебе...“


Фото: Facebook/zdavkocolic/jasnaornelabery/instagram