ПОЛЕСНО ДО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА - овие четири новини се најважни
Минатата недела германската влада претстави нацрт на нов Закон за државјанство кој драстично го олеснува стекнувањето двојно државјанство и доделувањето државјанство на лица кои не се членки на ЕУ.
Како што истакна Ненси Фесер, министерката за внатрешни работи на Германија, измените на законот имаат за цел да ги поттикнат добро квалификуваните работници да дојдат во Германија и со тоа да го решат големиот проблем со недостигот на работна сила на нивниот пазар на труд.
- Ќе можеме да ги привлечеме најквалификуваните луѓе во светот само ако во догледно време целосно станат дел од нашето општество со сите демократски права - нагласи Фезер.
Тоа е реформа иницирана од централно-левичарската коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите, која е на власт од есента 2021 година.
Меѓу сите измени во новиот Закон, најважни се 4 одредби, кои прочитајте ги на Фактор.мк
Фото: unsplash