„Полицијата ни доаѓаше на врата кога се тепавме“: Тамара Тодевска проговори за односите со сестра ѝ Тијана Дапчевиќ

Добивај вести на Viber

Пејачката Тамара Тодевска по кратка пауза, се врати на сцената новата песна „Нијагара“ која ја отпеа на српски јазик. По тешкиот период и разводот, многумина шпекулираа дека оваа песна е создадена токму во тогаш кога и било најтешко.

Сепак, Тамара неодамна изјави дека евровизиската песна „Proud“ која тогаш ја изведе во Израел, всушност и била најголемиот успех во кариерата.

Сепак, верува во претстојните проекти, а потоа се наврати на нејзиниот голем хит „1003“.

- Добра песна е, безвременска, останува и по 20 години. „Прауд“ е мојата лична карта. И денес ја пеам во живо на настапите со бендот и звучи одлично. Кога излезе „Нијагара“, тргна и работата. Ја напишав минатата година и само го чекав вистинскиот момент да ја објавам – рече таа па додаде дека долго време била лавица во кафез.

- Постојано ја следам својата интуиција и така решив. Долго бев лавица во кафез и песната беше напишана во тој момент. Оваа песна е за сите луѓе кои се чувствувале загрозени, нападнати со говор на омраза, неправедно етикетирани. Сè ми се случи во последниот период, а песната излезе од тој гнев што го почувствував – изјави таа за српската емисија„Премиер – викенд специјал“.

-Ние сме нормални луѓе. За се има решение, важен е само првиот чекор и дека навистина го сакате. Мислам дека тоа е голема грешка, живееме во многу брзо време на хиперпродукција. Потребни се три месеци за да се објават песни, заборавам на себе, а камоли на публиката. Јас сум постара генерација, мора да се прилагодиме на трендовите. Имав многу настапи по Евровизија – изјави таа.

Во интервјуто ја спомена и сестрата Тијана Дапчевиќ.

- Полицијата секојдневно ни доаѓаше на врата бидејќи музиката беше прегласна. А, кога јас и Тијана бевме тинејџери, тие доаѓаа поради тепачка. Се шегувам. Се расправавме за гардеробата, која чија кошула носела. Таа секогаш се однесуваше со мене како да сум 16-годишен морон. Друга мајка. Споделуваме сè, знаеме сè една за друга. Разговарам со неа за се. Вук прави музика, вечерва имаме сесија во студио. Многу ми е драго што нашите деца ја сакаат музиката. Хана е танчерка како Тијана, а јас никогаш не сум била. Таа има и глас. Инаку знам понекогаш да викам, да ги карам, но многу попуштам. Опасни манипулатори се. Но, тие се добри деца и тоа е најважно. Смешно е дека се расправаат како јас и Тијана, но се обожаваат, откри Тамара.


Фото:Tamaratodevska/Tijanadapcevic/Facebook/Screenshot