Полна месечина на 1 октомври: Време за промени и нови цели
Време е за нови искуства!
Во следниов месец не очекуваат две полни месечини, првата на 1 октомври во знакот Овен, а освен неа, доаѓа уште една полна Месечина на крајот на октомври која ќе биде во знакот Бик.
Октомври е период на големо чистење на енергијата и подготовка за нов животен циклус. Сега е вистинското време за прочистување на кармата и идеално време за истражување на нови работи кои ќе не направат среќни и исполнети.
Кога има полна месечина не е добро да ги игнорирате проблемите, напротив тоа е период во кој најбрзо и најлесно можете да ги надминете истите.
Во претходните летни месеци бевме сведоци на бројни нагли промени, а полека ни се чини дека се враќаме во рамнотежа.
Првата полна месечина која ќе биде во знакот на Овнот носи силна енерија на промени, на нови цели и искуства, искористете ја енергијата на прочистување и ослободете се од лошото и започнете ја новата сезона со нова сила и енергија. Овнот е силен хороскопски знак кој умее да се бори за онаа што го сака, зграпчете ја неговата сила и впуштете се кон нови цели.
Полната месечина може да биде негативна, измешани чувства, да имате нејасни цели, лоша карма, но таа има и свои силни добри страни. Прочистувањето кое го нуди полната месечина искористете го паметно, за нови животни поглавја, нови цели, нови искуства.
Вечни романтичари: Зошто е добро да имате жена Вага во животот