Животна училница // Приказни
Полубратот на Меган Маркл му порача на Принцот Хари: Венчавката со неа е најголемата грешка во историјата, таа само глуми за да стане принцеза!
-Со текот на времето, станува сè појасно дека ова е една од најголемите грешки во историјата на кралските свадби. Меган очигледно не е жена за вас - започнува во неговото отворено писмо Томас Марк Јуниор, полубратот на американската актерка Меган Маркл, кој се обрати на Кенсингтоновата Палата.
Неговото писмо до принцот Хари требаше да биде предупредување за претстојната свадба што ќе се одржи на 19-ти мај во замокот Виндзор.
- Не можам да поверувам дека не ја гледате Меган како што го гледа целиот свет. Таа е актерка од категоријата „Ц" која губи улоги, бидејќи старее и сега сака да стане принцеза. - пишува 51-годишниот полубрат и додава дека нивниот татко паднал во долгови, бидејќи се обидел да ја обезбеди својата ќерка со актерска кариера.