Помалку е повеќе: Тамара Драгичевиќ има фустан во кој секогаш ќе бидете забележани и удобни сандали кои ќе ги обожувате (ФОТО)
И со едноставноста во стилот може да се постигне вистински холивудски ефект - убавината е во деталите
Тамара Драгичевиќ неодамна се врати од семејно патување во Италија и веднаш воодушеви со новиот фустан кој е создаден за летните прослави.
Актерката Тамара Драгичевиќ е вистински пример за тоа како едноставноста и стилот можат да постигнат вистински холивудски ефект и секогаш да бидете оригинални и забележани.
Шармантната актерка е многу активна на Инстаграм, па нејзиниот профил е вистински моден каталог и бескрајна инспирација за различни аутфити, доколку сакате секогаш да бидете во центарот на вниманието.
За мала семејна веселба Тамара одбрала едноставен сатенски фустан кој ја следи линијата на телото и, толку! Совршено едноставниот фустан го усогласи со рамни сандали кои се удобни, а модерни и позираше со насмевка.
„Помалку е повеќе“ - а тоа го почитува и Тамара.
Актерката често носи вакви парчиња кои не се издвојуваат по ништо посебно, но токму таа карактеристика ги разликува од се' друго што можете да носите. Тамара отсекогаш го привлекувала вниманието на сите на социјалните мрежи со минимална шминка и убаво обликувана коса, што е и нејзин заштитен знак, а нејзиниот летен фустан е вистинското решение за прослави, подобро решение сигурно нема да најдете.
извор:GLOSSY